ВМРО-ДПМНЕ бара извинување од Ковачевски
Ковачевски да се извини што лажеше за наводната диплома од Харвард која е курс, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Ковачевски лажно се претставува како студент на Харвард.
Ковачевски молчеше кога во медиумите беше ословуван како студент од Харвард и му беа правени фотографии како да бил дипломец. Тој се надеваше дека лагата ќе помине.
Откако виде дека е уплеткан во лагите, самиот Ковачевски преку соопштение од СДСМ призна дека манипулирал и дека не е студент.
Тој дури и на неговиот профил на Линкдин курсот од Харвард го пишува во доменот образование, а не во доменот курсеви или други усовршувања.
Ковачевски е претседател на партија и е крајно несериозно да лаже за неговото образование. Ако Ковачевски лаже за сопственото образование тогаш што останува со другите работи?“, се вели во соопштението.