ЈСП тврди дека нема дискриминација, од Коалицијата Менуваме со демант
Ниту на еден граѓанин не му е ускратено правото за јавен градски превоз. Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е јавен сервис кој обезбедува градски превоз за сите граѓани и никогаш немало дискриминација, велат од ЈСП Скопје.
Коалицијата Менуваме е секојдневно присутна со нивните членови, асистенти семејства и други засегнати страни врз база на направена ЕВАЛУАЦИЈА за пропустите во Градот Скопје и јавниот превоз ги детектираше следните пропусти;
1 недостасува Инклузивност во дел од возачите во ЈСП,
2 Зашто ГОВОРНИОТ АВТОМАТ ЗА ЛИЦА СО ОШТЕТЕН ВИД во автобусите НЕ РАБОТАТ и не е во сите вграден а е потребен не е битно да ли е приватен или државен?
3 зашто во сите автобуси не работат рампите за лицата со телесна попреченост?
4 Автобуските постојки не се прилагодени за граѓаните кој чекат автобус а камоли за лицата со попреченост.
Ова се неколку точки детектирани од многуте но приоритетни.
Коалицијата Менуваме како организација ги нудиме своите капацитети со цел да ги надминеме недостатоците кој се потреба на ИЛЈАДНИЦИ ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ за таа цел е потребна заедничка соработка со Градот и ЈСП.
Коалицијата Менуваме јавно ја повикува Градоначалничката да закаже средба каде на истата ке ги достави и решенијата како што знае да каже Градоначалничката ЗА МОДЕРЕН ГРАД.