Мечка од Грузија е наречена Пабло Ескобар бидејќи додека шетала низ шума во Националниот парк Чатахучи Окони налетала на 40 платични кеси полни со чист кокаин, во декември 1985 година.
Бидејќи била гладна, мечката ги изела сите 40 килограми кокаин и умрела на лице место.
„На планетата не постои суштество кое би можело тоа да го преживее“, вели медицинси истражувач кој бил задолжен за истрагата по пронаоѓањето на безживотното тело на мечката.
„Стомакот буквално до врв и беше исполнет со кокаин. Никој не знае како мечката успеала да остане жива толку долго и да го изеде целиот кокаин од кесичките“, изјавил тој.
Оние кои ја нашле мечката всушнст барале кокаин за кој верувале дека исчезнал.
Неколку месеци порано, телото на полицаецот Ендруа Торонтона е пронајдено заедно со 70 кесички колумбиски кокаин, околу 4000 долари, два пиштола и нож.
За време на еден од неговите летови во 1985 година имало проблем со моторите на авионот, па морал да го напушти. За време на неговата евакуација тој фрлил дел од дрогата во Националниот парк.