Никола Наумоски да даде отчет за сите пари кои ги потрошил, бара Арсовска
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на дешениот брифинг со новинарите истакна дека шефот на кабинет на Шилегов, Никола Наумоски треба да се појави и да даде отчет за потрошените пари, за сметките од кафани и бројните злоупотреби кои се направени во негово време.
– Го гледам човекот кој беше шеф на кабинет на претходниот градоначалник кој се дрзнува да зборува против местото од каде што ја добива платата, а ја добива од парите на граѓаните на Градот Скопје и притоа си зема одмор, зеде боледување и не доаѓа на работа да даде отчет и да ја примопредаде функцијата. Треба да даде отчет и да каже каде се сите пари кои ги потрошил, рече Арсовска.
Таа нагласи дека Наумоски треба да објасни за парите за кафаните кои ги правеле во износи од илјадници евра, да каже што е она што го направи вклучувајќи ги неколку злоупотреби кои се детектирани и кои мисли дека со дрско однесување ќе може да му биде простено или заборавено.