Актуелно

Мајката и бебето кои беа претепани со шипка се добри

Мајката и новороденчето кои вчера беа претепани со метална шипка од пијан татко во Меѓумурје, денеска се стабилни. Раните на детето се санирани и е во добра состојба, јавува ХРТ.

Тоа ќе помине неколку дена под опсервација на педијатрија бидејќи се работи за бебе старо 20 дена кое се здобило со повреда на главата со железна шипка.

Да потсетиме, мајката и детето се од Пишкоровац и се жртви на семејно насилство. Под дејство на алкохол мажот ја претепал сопругата по главата и рацете. Тој со метална шипка го удрил и бебето кое било во нејзините раце и му нанел длабока рана на главата.
Мажот е уапсен и во тек е кривична истрага.

На почеток