(ВИДЕО) Граѓаните го китат Скопје, повик за лампиони осамна јавно

Од
Објавено на

Градоначалничка Данела Арсовска го раскина договорот со Линк Медиа склучен во октомври годинава и ги повика компаниите со донации да го украсат главниот град. Тендерот кој претходниот градиначалник Петре Шилегов го склучи со Линк Медиа чинеше 250 илјади евра
По тој повод на социјалните мрежи бешеобјавено видео од скопјанец кој апелираше граѓаните да донесат по еден лампион за да се украси елката на плоштад.
„Се одзвав на повикот за заедно да го украсиме Скопје. Нека овој лампион заблеска и ни ги отвори патиштата кон една поубава година. Секој што е во можност нека додаде лампион на елката“, стои во описот на видеото.
