Скопје

Данела бара отчет, Наумовски и се заканува со тужба

Новоизбраната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска на брифингот за новинари во петокот, истакна дека шефот на кабинет на Шилегов, Никола Наумоски наместо да зборува против градот и местото од каде што зема плата, да се појави и да даде отчет за потрошените пари, за сметките од кафани и бројните злоупотреби кои се направени во негово време.

Арсовска истакна дека Наумоски земал одмор и боледување и не се појавува на работа да даде отчет и да ја предаде функцијата.

Таа нагласи дека Наумоски треба да објасни за парите за кафаните кои ги правеле во износи од илјадници евра, да каже што е она што го направи вклучувајќи ги неколку злоупотреби кои се детектирани и кои мисли дека со др ско однесување ќе може да му биде простено или заборавено.

На ова, вчера на својот профил на социјалните мрежи, реагираше посочениот Никола Наумовски, кој вели дека Данела го клевети и најави дека ќе и поднесе тужба:

„Би сакал изричито да демантирам дека сум трошел пари за кафани, дека има било какви злоупотреби или дека сум (бил) на боледување.

Во изминатите 4 години ни денар не сум потрошил на сопствено частење, другари, соработници или колеги. Дури ни кафе не сум се напил, не сум имал право на трошоци на репрезентација, ниту лично, ниту секторот со кој што раководев.

Арсовска не ми го потпишува решението за отказ, иако првично бараше емаилот за отказ да и го дадам на хартија. Сега ме клевети дека сум бил на боледување.

Наместо да го цени тоа што џентлменски ослободувам висока раководна позиција во администрацијата, каде може да постави свој близок соработник, што не останувам во администрацијата за да добивам плата од буџетот (како мојата претходничка), таа си обезбеди тужба за клевета.

Ама прво морам да побарам извинување“, напиша Никола Наумоски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук

На почеток