„Нухиу да прецизира дали е кукавица и се крие зад Маричиќ“, Алијанса за Албанците со реакција за помилувањата
„Агим Нухиу, кукавичка кукла кој се крие зад неправдата. Како и секогаш во последниот скандал со барањето на Министерството за правда упатено до претседателот, за помилување на некои криминалци и убијци на деца како Сеад Кочан и Бобан Илиќ, функционерите на ДУИ продолжуваат со кукавичкото прикривање на раката што ја фрла камен“, реагираат од Алијанса на Албанците.
„Последната изјава на министерот за правда, Агим Нухиу, кој слично делуваше и на 27 Април, само докажува дека тој и неговите сопартијци се во Владата само за да ги легитимизираат бандитските одлуки на овој режим. Наместо да се огради, Нухиу треба да прецизира дали е кукавица и се крие зад Маричиќ или е марионета која никој не ја прашува за ништо во тоа министерство. Во секој случај, тој треба веднаш да се повлече, бидејќи и самиот призна дека не е достоен за тоа, како што никогаш досега не бил“, додаваат од партијата.