Средба на претседателот Пендаровски со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Армен Григорјан, новоименуван Постојан претставник на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Северна Македонија.
На средбата беше разговарано за севкупните активности на УНДП во нашата држава во повеќе области, вклучувајќи го демократското управување, намалувањето на сиромаштијата, превенцијата на кризи и нивно надминување, животна средина и енергетика, здравство и социјален развој.
Претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашната соработка на УНДП со Република Северна Македонија и реализацијата на бројни проекти насочени кон подобрување на квалитетот на живот и поддршка во исполнувањето на стратешките цели на државата, како и соработката во рамки на подготовката на Рамката за развој МКД2030.
Претседателот Пендаровски на новоименуваниот постојан претставник Григорјан му посака успешна работа за време на петгодишниот мандат и изрази уверување дека со неговото досегашно професионално искуство ќе придонесе за натамошно унапредување на соработката на УНДП со нашата држава.