Во Собранието ќе се гласа за неколку закони
Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 54-тата седница на која има повеќе точки на дневен ред меѓу кои и предлогот за избор на заменици на народниот правобранител, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за прометот на експлозивни материи, на Законот за следење на комуникациите, изменување на Законот за заштита од експлозивни материи, и на Законот за странци, сите во второ читање.
Во рамки на седницата, пратениците треба да го разгледаат и Предлог-законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка.
На дневниот ред се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за личната карта, за дополнување на Законот за матичен број, како и за изменување и дополнување на Законот за државјанството, на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, и на Законот за патните исправи, сите по скратена постпка.