(ФОТО) Стојкоски седеше во клупа со амбасадорката Кејт Брнз
Градоначалникот на Ѓорче Петров, Алексадар Стојкоски денес седеше во клупа заедно со Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнз. Тие заедно ги посетија учениците од основното училиште „Мирче Ацев“, кои ја следат состојбата на животната средина и вршат директни експерименти и истражувања.
„Без разлика каде живееме, нашата заедничка врска е планетата Земја, а “GLOBE” ни овозможува на сите да откриваме за воздухот кој го дишеме, водата која ја пиеме и почвата која ја користиме.
ООУ „Мирче Ацев” е меѓу првите пет училишта во нашата држава кое ја има можноста да биде дел од програмата “GLOBE”.
Вклучени се повеќе од 130 ученици од второ до осмо одделение кои преку практична настава се грижат за животната средина. Светската научна и образовна програма поврзува ученици, учители и научници од целиот свет. Како општина во која вложуваме континуирано во образовниот процес го превземаме првиот чекор за да ги поттикнеме учениците да го откриваат, истражуваат и проучуваат нивниот свет. Децата не треба да читаат наука, туку да ја проучуваат,а нам ни останува да им го овозможиме тоа“, вели градоначалникот Стојкоски.