Актуелно

Земјотрес во Словенија

Земјотрес со јачина од 4,2 степени се почувствувал утрово во Словенија, кај местото Љутомер, 40 километри од Марибор. Бил почувствуван и во Хрватска, во близината на границата со Словенија. Како што известува словенечкото надлежно министерство, потрес од 1,5 степен се почувствувал и во Марибор.

Потресот ги разбудил Словенците и тоа на Божиќно утро. Според информациите, потресот бил со 4,2 степени, а потоа променет во 3,8 степени.

На почеток