Актуелно

12 камиони заглавени во снег, температурите се спуштаат и до -50 степени

Група падобранци на Спасувачката служба денеска полетаа од Јакутск за да достават гориво до конвојот од 12 камиони во руската република Јакутија, во источен Сибир, кои се заглавија во снегот.

Возачите на камиони немаат телефонски сигнал, а им снемува храна и гориво, пренесува РИА Новости.

Конвојот се наоѓа на околу 30 километри од селото кон кое се упатиja.

На тој простор се измерени температури и до минус 50 Целзиусови степени.

На почеток