Македонија

Да помогнеме младиот Венко Атанасовски, отворени телефонски линии за донации

На социјалните мрежи деновиве се споделува фотографија од Венко Атанасовски кому му е потребна помош.

„Добри и хумани луѓе, на Венко Атанасовски итно му е потребна нашата помош. Овој млад човек боледува од тежок облик на рак кој му зафати повеќе органи. Лекувањето е долго, тешко и скапо. Да помогнеме еден млад живот да се излекува!“ стои во објавата.

Со секој повик на броевите од Телеком 143 153 и А1 143 480 можете да донирате 100 денари.

Сите кои сакаат да донираат преку друг метод истото можат да го направат на

Денарска ж-сметка на НЛБ банка: 210-700000670406

Девизна сметка – МК07210501620430930 / SWIFT: ТУТУНМК22

На почеток