Свет

Како Путин ќе ги помине новогодишните празници

Рускиот претседател Владимир Путин традиционално ќе ја дочека Новата година во друштво на семејството и пријателите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој за ТАС С изјави дека празниците за Путин ќе бидат делумно работни.

– Мислам дека тој, како и сите други, првите неколку дена ќе ги искористи само за одмор. Иако, не може да има целосен одмор – рече Песков.

На почеток