Tалибанците забранија пуштање музика во автомобил и жени без хиџаб
Од
Објавено на
Талибанците забранија пуштање музика во автомобили и возење на жени без хиџаб, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на Кабул њуз.
Министерството за исламска ориентација потврди дека им била дадена писмена препорака на возачите да не вклучуваат музика и да не прифаќаат жени без хиџаб во автомобилите, објави ТВ каналот.
Талибанците на 15 август влегоа во Кабул и ја презедоа власта во Авганистан, а на почетокот на септември го објавија составот на привремената влада.