Свет

Послаб земјотрес е регистриран кај Никшиќ

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Црна Гора денеска во 9.40 часот, соопшти Институтот за сеизмологија.

Епицентарот на земјотресот бил на два километри северозападно од Гребица кај Никшиќ, на длабочина од осум километри.

Магнитудата на земјотресот во епицентарот одговара на епицентралниот интензитет од 4-от степен од Меркалиевата скала.

На почеток