Свет

Бебе кое падна од втор кат е во тешка состојба

Тешко повреденото седумнаесетмесечно девојче од Краљево се уште е во тешка состојба, пишува српски Блиц.

– Девојчето е сместено во Ургентниот центар на нашата установа, приклучено е на респиратор и е во тешка состојба. Таа е под постојан лекарски надзор и ја следиме нејзината состојба. Повеќе информации засега не можам да соопштам – изјави за Новости д-р Слободан Милисављевиќ, директор на УЦК Крагуевац.

Девојчето се здоби со тешки телесни повреди кога падна низ прозорец од стан на вториот кат во центарот на Краљево, каде што живее со нејзината мајка. Во моментот на несреќата мајката ја чистела куќата.

Набргу по незгодата, таа во бессознание со возило на Брза помош била пренесена на Одделот за интензивна нега во Општата болница „Студеница“ во Краљево, каде и биле констатирани повеќе скршеници и повреди на черепот, како и внатрешно крварење. Девојчето било интубирано, а потоа поради сериозноста на повредите е пренесено во УКЦ Крагуевац, каде што моментално се наоѓа.

На почеток