Свет

Прекинат концерт со 800 лица во Германија, некои посетители беа исфрлени

Германската полиција го прекина концертот во Хамбург, на кој присуствуваа околу 800 луѓе, бидејќи беше прекршени мерките за заштита од коронавирусот.

Луѓето не ја оддржуваа потребната дистанца на концертот на еден бенд, изјави портпаролот на полицијата.

Полицијата стапила во контакт со организаторите и концертот бил прекинат синоќа, јави агенцијата ДПА.

За време на операцијата имаше и инциденти, причинета е штета на објектот, а некои посетители мораше да бидат исфрлени.

Настанот беше организиран во време кога во Германија се зголемува бројот назабалони со новиот сој омикрон.

На почеток