Скопје

Надвор е ужасно загадено, процентот на честички е енормен

Воздухот вечерва повторно е екстремно загаден. Скопје вечерва е седми најзагаден град во светот. Граѓаните дишат отров.

Според страницата Air quality, во Скопје веќе четврти ден воздухот е екстремно загаден, а концентрацијата на ПМ2,5 честичките е 22.6 пати над дозволената граница.

Според податоците од мерните станици  на Министерството за животна средина, во Струмица се измерени 530 милиграми ПМ10 честички на еден кубен метар воздух. Но високи концентрации на ПМ10 честички има и во Кавадарци, Тетово, Битола, Велес.

На почеток