Скопје

Костовски демантира: Инцидентот не беше во општината, туку во подрачна единица на Министерство за финансии

По информацијата за тепачка во канцелариите на општина Бутел се огласи градоначалникот Дарко Костовски. Тој ја потврди информацијата дека имало инцидент и дека реагирала и полицијата, но дека инцидентот се случил во подрачната единици на Управата за имотно правни односи која спаѓа под Министерството за финансии

„Вечерва одредени портали веројатно по нечија насока пишуваат дека во текот на вчерашниот ден во просториите на Општина Бутел имало некаков инцидент со физичка пресметка.

Точно е дека имало инцидент и дека постапила и полицијата, но инцидентот се случил во подрачната единици на Управата за имотно правни односи која спаѓа под Министерството за финансии. Оваа подрачна единица на Министерството за финасии користи простории под закуп во зградата на Општина Бутел и истите имаат и посебен влез.

Како градоначалник на Општина Бутел барам оние портали кои ја објавиле оваа лажна вест, веднаш да ја истакнат вистината која говори дека немало никаков инцидент поврзан со администрацијата на Општина Бутел.

Лаги, конструкции и измами нема да не спречат по патот кој го одбравме и уште на самиот старт силно тргнавме, дека чесно, искрено и со многу труд од Општина Бутел ќе направиме многу поубаво место за живеење“, стои во објавата.

На почеток