Македонија

Започна промената на водоводната и канализационата мрежа во ОУ „Братство Единство“

Во насока на подобрување на условите во образовните институции, започнавме со активности за промена на водоводната и канализационата мрежа во ОУ „Братство Единство “ – Лескајца, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

„Со оваа активност ќе се надмине долгогодишниот проблем на губиток на водата кој го имаше оваа образовна институција. Средствата во вкупен износ од околу 600 000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

За наредната 2022 година во ова училиште се предвидуваат активности за промена на електричната инсталација, реконструкција на тоалетите, дренажа околу објектот на училиштето и изведба на енергетски ефикасна фасада. Сите овие активности придонесуваат за поквалитетна настава во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца“, додава Пецаков.

На почеток