Македонија

Невакцинирани лица затекнати во обложувалници

Полициски службеници на СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, денеска (25 декември) од 13 часот спровеле акциска контрола во две спортски обложувалници во тетовските села Милетино и Радиовце, во кои вкупно биле легитимирани 8 лица.Две од легитимираните лица не поседувале сертификат за примена вакцина. По целосно документирање на случајот против двете лица и објектите(правни лица) ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

На почеток