Актуелно

Андреј Петров се враќа во СДСМ

Докторот Андреј Петров се враќа во СДСМ и тоа како член на Извршниот комитет на владеачката партија откако Димитар Ковачевски беше избран за нејзин претседател, дознава Телма.

Петров беше партиски секретар на СДСМ во времето на Бранко Црвенковски, а беше и привремен градоначалник на Карпош.

Тој треба да биде потврден на утрешната седница на Централниот комитет на кој треба да му биде дадено зелено светло да биде мандатар за составување на новата Влада.

Телевизијата додава дека поголеми овластувања ќе добие и Стефан Богоев, како и некои познати универзитетски професори.

На почеток