Македонија

Цените на индустриските производи пораснале за 14,2 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.5 % на месечно и за 14.2 % на годишно ниво.

Во ноември 2021, во споредба со октомври 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 4.4 %, Енергија за 1.8 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка 0.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.1 %.
Во ноември 2021, во споредба со ноември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 32.1 %, Интермедијарните производи, освен енергија за 21.4 %, Капитални производи за 10.5 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 %.
На почеток