Македонија

Паско Кузман: До мојата 111 година треба да го откријам гробот на Александар Македонски

Археологот Паксо Кузман во своето денешно интервју се сомнева дека судскиот процес Фаланга 2 каде што тој беше обвинет, има врска и со неговото спротивставување несудениот инвеститор од Индија, Субрата Рој, во намерата да подигне проект во Љубаништа.

„Да, јас се спротивставив на тоа. Имав една средба со него. Кај Љубаниште има локалитети и реков дека тука треба да се внимава и да не се чепка. Можеби е тоа, не знам. Митрополитот Тимотеј тогаш ми рече дека добро сум постапил. И за Езерото кажав дека е под заштита на УНЕСКО и дека треба да се внимава“, одговори Кузман на едно од прашањата во неговото денешно интервју за МКД.

Вели дека сепак не сака многу да зборува за случаите Фаланга 1 и Фаланга 2.

Кузман и натаму вели дека има амбиција да го пронајде гробот на Александар Македонски, но додава дека денешните Македонци се Словени.

– Откривањето на гробот на Александар Македонски е дел од тие мои проекти што треба да ги завршам до мојата 111 година. Ако гробот се открие кај нас, имајќи ги предвид сите овие апетити од соседите и од Европа, која ја смета Грција за јадрото на европската цивилизација и дека го немаме ние тоа право, тоа ќе предизвика навистина бурни реакции. Како може да немаме право ако го најдеме на наше тло, ем се викаме така, ем Македонија се вика оваа територија. Александар Македонски е универзална личност, светска. И ние имаме право, не дека потекнуваме од него, тоа е навистина смешно. Јас сум Словен, но културата е наше наследство.

Целото интервју можете да го прочитате тука

To Top