Алармантно се шири опасноста од голема кашлица, за една недела 25 новозаболени
Заразните болести за кои мислевме дека се искоренети, повторно се шират.
Институтот за јавно здравје информира дека од 30 август до 5 септември во државава се пријавени 25 нови случаи на голема
кашлица, што е за 47,1% повеќе во споредба со претходниот седмодневен период, кога беа регистрирани 17 новозаболени.
,,Возраста на заболените е од еден месец до 60 години, а најголем број на случаи
се од возрасната група под една година. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран согласно возраста. Од новите случаи 5 заболени се хоспитализирани“, велат од Институтот за јавно здравје.
Најголем број заболени се во Скопје -14 каде случаи се регистрирани во сите скопски општини; во Тетово – 5, Кратово – 3, Куманово – 2 и еден случај во Крива Паланка.