Македонија

Дождот помогна за гаснење на огнот кој шест дена беснее во Мариовско

Дождот кој пред малку заврна во прилепско помогна во гаснењето на пожарот во Мариовско и околината, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Тој дополнително ќе извести дали е изгаснат целосно.

Преку 30 километри достигна огнената линија од пожарот во Мариовско, кој е активен веќе шести ден, без знаци на смирување. На терен се над 200 професионалци кои превенираат ширење на огнот кон населените места.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информира дека пожарот во Мариовско во моментов е најтешкиот пожар во државата и предизвикува голема вознемиреност кај граѓаните.

На почеток