Коњановски остави на улица 20-тина вработени во Општина Битола, обвинува СДСМ
Градоначалникот Тони Коњановски остави на улица 20-тина вработени во Општина Битола, ангажирани преку Агенција за привремени вработувања. Вработените вчера биле известени телефонски дека денес им е последниот работен ден во Општина Битола. Од утре, луѓето се оставени на улица, обвинува СДСМ.
„Дали градоначалникот Тони Коњановски во пресрет на новогодишните и божиќните празници прави чистка во Општина Битола?
Дали повод за посетата на партискиот шеф на Коњановски на Општина Битола беше кроењето на листа со партиски војници на ДПМНЕ кои ќе дојдат на местото на луѓето што со месеци беа ангажирани, а сега се оставени на улица?
Му кажа градоначалниче Коњановски на твојот партиски шеф кој вчера беше многу загрижен за вработените во РЕК дека ќе бркаш луѓе од работа?
Дали вака, со бркање од работа пред Нова година и Божиќ, градоначалчникот Тони Коњановски ја замислува новата иднина на Битола?
Ова е Битола за сите луѓе?
Градоначалниче Коњановски, за своите постапки не одговараш пред твојот партиски шеф Мицкоски, туку пред битолчани !
На битолчани треба да им објасниш зошто бркаш луѓе од работа пред Нова година и Божиќ, меѓу битолчани треба утре другиден пак да прошеташ, битолчани треба да ги погледнеш в очи и да им кажеш – Битола е за сите луѓе ! Освен за некои ! Среќна Нова година битолчани“ се вели во соопштението.