Актуелно

Новогодишен хорор: Дете загина во инцидент со огномет, Германец почина по експлозија на петарда

Во Германија маж (37) загина при експлозија на петарда.

Полицијата соопшти дека во експлозијата еден маж загина, а уште еден е тешко повреден и е во животна опасност, пренесува Билд.

Во источен Берлин 12 лица се повредени во експлозија на нелегален огномет на приватна новогодишна забава.

Сите повредени се хоспитализирани, но за среќа нема потешко повредени.

Според пожарникарите, најмладото повредено е единаесетгодишно момче, а останатите повредени се адолесценти и возрасни.

 

12-годишно момче загина, а уште едно дете е повредено во инцидент со огномет во Холандија, соопшти полицијата.

Несреќата се случила во Хаксберген, мало гратче на исток, во близина на границата со Германија, додека децата гледале маж како пука со огномет користејќи домашна направа, пренесува Гардијан.

Полицијата уапси едно лице во врска со инцидентот.

Пред пандемијата на корона вирусот, Холанѓаните традиционално ја прославуваа Новата година со многу огномет, но оваа практика е забранета две години по ред. Сепак, и покрај забраната, пред Нова година често се слушаа петарди.

На почеток