Камчев новата година ја дочека во Систина
Од
Објавено на
Бизнисменот Орце Камчев, новата година ја дочека во приватната болница Аџибадем Систина.
Обвинетиот за Плацеви на Водно, Камчев, во средата попладне се пожалил на здравствени проблеми, а Основниот кривичен суд, каде се води овој судски процес, му дозволил да биде префрлен на лекување во Систина.
Инаку, од март годинава Камчев неколку пати бил на прегледи, но Кривичниот суд првпат дозволува тој да оди на прегледи во приватна болница во која е член на директорскиот одбор.
Камчев бил задржан на дополнителни медицински анализи и процедури потребни за утврдување на неговата здравствена состојба која била оценета како влошена.