Македонија

Хаос од тепачки по полноќ, „летале“ боксови во Скопје и Куманово

На 01.01.2021 во 01.30 часот било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.Т.(22), од една страна и А.П.(18) и Ѓ.П.(22), од друга страна, сите од Скопје. Сочинети биле записници за константиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

На 01.01.2021 во 04.15 часот на бензинска пумпа во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода К.С.(29) и Ф.Ј.(29), затоа што околу 04.00 часот на истата локација физички го нападнале Н.Р.(25) од с.Долна Белица, струшко. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На почеток