Актуелно

Пула забрани продажба на пијалоци по киосци

Во Пула од денеска е забранета продажбата на пијалоци по киосци, меѓу кои и кафе, за да не се загрози работата на угостителските објекти. Според Index.hr, ова е одлука за комунален ред донесена на една од последните седници на Градскиот совет.

Во Решението е наведено дека Градот Пула при утврдувањето на забраната за продажба на пијалоци и кафе во киосци за продажба на тутунски производи, зел предвид дека „наведената продажба во киосци не треба да ја загрозува работата во рестораните во цврсти градби, или деловен простор во кој врши угостителска дејност“.

Од Градот додаваат дека пред донесувањето на одлуката се одржала јавна расправа во траење од 30 дена на која не биле пристигнати приговори „со кои би се изразило незадоволство, односно несогласување со предложените услови“.

На почеток