Македонија

Повредени три млади лица, „Ауди“ излета од патот Гостивар-Кичево

На 01.01.2022 во 21.10 часот на магистралниот пат А2 Гостивар – Кичево, патничко возило „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27) од Гостивар излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.Б.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничките А.Ј. и Ј.Ј., констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид извршила екипа од полициска станица Гостивар.

На почеток