Македонија

Почина Марјан Додовски, прв министер за животна средина и експратеник

Иванка Василевскa пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и поранешна сопруга на Марјан Додoвски објави дека тој ноќеска починал.

„Во длабока жал ве известуваме дека ноќеска, на државната клиника, прерано не напушти Марјан Додовски. Марјан беше голем и посветен борец за Македонија, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ, во својата плодна кариера извршуваше бројни партиски и државни функции но, пред се и најважно од се тој беше татко на мојата, на нашата Марија Додовска. Не остави во голема жалост, а Македонија изгуби голем човек. Марјан почивај во мир!“, се прости Василевска од него.

Кој е Додовски:

На почеток