Македонија

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поскапеа струјата за 100%, возврати СДСМ

„За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ цената на електричната енергија за домаќинствата се зголеми за 100 отсто, а добар дел од овој период Христијан Мицкоски беше советник за енергетика на Никола Груевски а потоа и директор на ЕСМ. ВМРО-ДПМНЕ е партијата која ја укина дневната евтина тарифа и тоа во време кога немаше глобална енергетска криза, а потоа како опозиција се противеше на нејзиното повторно воведување“, вели СДСМ, како реакција на прес-конференцијата на Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Исто како и за време на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат и од глобалната енергетска криза да профитираат политички измислувајќи конструкции и плашејќи ги граѓаните дека цената на струјата ќе се зголеми помеѓу 30 и 40 отсто. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, секогаш на спротивната страна од интересите на граѓаните“, додаваат тие.

На почеток