Скопје

Кај осуммина скопјани детектиран омикрон

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2. Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2 земени од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и од Богданци.

Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти е детектирана варијантата Омикрон на коронавирусот, што изнесува 37,5% од позитивните примероци.

Од потврдени случаи, осум позитивни пациенти на Омикрон се од Скопје, а еден е од Кочани.

На почеток