Актуелно

Надал проговори за ситуацијата околу Ѓоковиќ: Ако сакаше, ќе играше

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во хотел со мигранти во Мелбурн, каде што бил сместен по драмата на аеродромот и одбивањето на неговото барање за виза од властите во Австралија.

Новак таму ќе почека за да види каков ќе биде епилогот од жалбата што ја поднесе неговиот адвокатски тим против оваа одлука, а не престануваат реакциите околу целиот случај.

Меѓу последните беше еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ, шпанскиот тенисер Рафаел Надал.

Надал вели дека Новак ја донел одлуката кога решил да не се вакцинира.

-Да сакаше, без проблем ќе играше во Австралија. Тој ја донесе својата одлука. Целиот свет е слободен да носи одлуки, но потоа има последици, нели? Светот веќе претрпе премногу, треба да се вакцинира, изјави Надал, а пренесува „Марка“.

На почеток