Јелена Ѓоковиќ првпат проговори: Дишам длабоко за да се смирам


Новак Ѓоковиќ го прослави Божиќ во хотел за мигранти во Австралија. Неговата сопруга Јелена, прв пат се огласи по оваа ситуација и на социјалните мрежи објави заедничка фотографија.
– Среќен Божиќ на сите кои го слават денес! Мир Божји! Сакам сите да бидат здрави, среќни, безбедни и заедно со своите семејства. Би сакала денес моето семејство да биде заедно, но се тешам што сме барем здрави. И ние ќе пораснеме од ова искуство.
Ви благодарам драги луѓе ширум светот што го искористивте вашиот глас за да испратите љубов и поддршка до мојот сопруг. Дишам длабоко за да се смирам и да најдам благодарност (и разбирање) за се што се случува сега. Единствениот закон што сите треба да го почитуваме, без разлика каде сме, е љубовта и почитта кон другите луѓе. Љубовта и простувањето никогаш не се грешка, туку моќна сила“, напиша Јелена Ѓоковиќ.
View this post on Instagram
