Ѓоковиќ испрати божиќна честитка и се заблагодари на поддршката

Од
Објавено на

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи денеска прв пат откако пристигна во Австралија по што пограничните власти му ја одбија визата и го сместија во хотел во Мелбурн.
Српскиот тенисер испрати честитка по повод православниот Божик и се заблагодари за големата поддршка која му пристигнува од сите страни.
– Христос се роди. Среќен Божик. Сакам да им се заблагодарам на семејството, на Србија и на сите добри луѓе ширум светот, кои ми испраќаат пораки со поддршка. Ја чувствувам поддршката и исклучително ја ценам, напиша покрај другото Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил.
