Обрадовиќ: Не знаат што да прават со Ѓоковиќ, сами се сопнаа и сами паднаа


Поранешниот селектор на српската репрезентација Богдан Обрадовиќ гостувајќи во емисијата „150 минути“ на телевизија „Прва“ проговори за ситуацијата во која се наоѓа најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.
– Не можеме да очекуваме ништо друго од браќата Англосаксонци. Односот на англосаксонците кон Новак е истиот однос што го имаше Томас Едисон кон Никола Тесла. Нема разлика. Од нив можеме да очекуваме само полошо и полошо. Испративме нов голем човек на светот, Новак Ѓоковиќ, и како што тие не знаеја што да прават со Тесла, не знаат што да прават со Новак. Секогаш сме се вртеле повеќе кон исток, затоа Западот не казнува – смета Обрадовиќ, која истакна дека зборува од политичка страна.
На прашање на новинарот каде всушност настанал целиот хаос, зошто Новак прво да добил виза, а потоа му ја укинале, Обрадовиќ рече.
– Проблемот е нивната глупост. Кога аплицираш за австралиска виза, ти бараат многу документи, за кои повторно аплицираш по електронски пат. Имате 80 документи кои треба да ги испратите. Сето тоа го обработуваат компјутерски и добиваш виза. Како сега ја укинуваат визата што самите ја издадоа? Вината е на нивната администрација. Не можете да се качите во авион ако немате виза. Не патувал со приватен авион, тргнал со редовна линија. Тој исполни се што требаше. Сами се сопнаа, сами паднаа и му рекоа на Новак „еј, ти од нас се сопна“!? – смета поранешниот селектор.
Потоа ја предвиде конечната одлука на австралискиот суд.
– Судството е целосно независно. Судијката која веќе ги зеде сите документи во свои раце, ќе одлучи Новак да остане во Австралија. Јас не сум правник, само зборувам по логиката на нештата. – рече Обрадовиќ кој додава:
– Новак објави фотографија дека заминува за Австралија, останатите 22 натпреварувачи тајно ги пуштија. Дознавме дека владата на Викторија ги уценувала луѓето дека ако не се вакцинираат, ќе останат без работа. Сега замислете, треба да ги оставите тенисерите да одат на спортски настан што е забавен – невакцинирани. Тука настана проблемот и негативната реакција на народот – истакнува Обрадовиќ
