Спорт

Адвокатите открија кога Новак бил позитивен на коронавирус

Новак Ѓоковиќ бил заразен со Ковид на 16 декември 2021 година, пред околу 20 дена, покажуваат документите што неговите адвокати ги доставиле до судот, врз основа на кои добил медицинско ослободување за влез во Австралија.

– Датумот на првиот позитивен ПЦР ковид тест беше 16 декември – велат адвокатите на Новак Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ пристигна во Мелбурн од Дубаи за да се натпреварува на Австралија опен врз основа на медицинско ослободување што му го доделиле две независни тела. Се чинеше дека е доволно да се учествува на Грен слем, со прележан ковид по 31 јули 2021 година, што не се покажа така.

Откриено е дека организаторите на Австралија опен направиле грешка, односно не ги информирале тенисерите за промените што ги воведе Федералната влада во ноември, која потоа ги „повлекла“ овие членови од своите правила.

Она што е исто така проблем е тоа што на веб-страницата на Владата на Викторија сè уште пишува како тенисерите можат да добијат ослободување ако прележале корона вирус во последните шест месеци или го имаат во моментот кога сакале да примат ковид вакцина.

Најдобриот светски тенисер моментално се наоѓа во хотел со мигранти, одлучено е да биде депортиран, на што се пожали Ѓоковиќ, а судот во Викторија конечната одлука ќе ја донесе задутре.

На почеток