Свет

Купувачите на канабис во Квебек ќе треба да покажат ковид сертификат

Продавниците за канабис и пијалаци во канадската провинција Квебек во иднина ќе бараат од клиентите да покажат доказ за вакцинација, поради зголемувањето на бројот на заболени од омикрон.

Новата мерка ќе стапи на сила на 18 јануари, а здравствените власти велат дека оваа регулатива ќе поттикне уште повеќе луѓе да се вакцинираат, пренесе Би-Би-Си.

Се зголемува бројот на заболени во Квебек, иако во овој регион е најголем процентот на вакцинирани лица во светот.

Министерот за здравство на Квебек, Кристијан Дибе, рече дека купувачите ќе мора да покажат доказ за вакцинација за да влезат во државните продавници за канабис и алкохол.

Само велам, ако не сакате да се вакцинирате, останете дома, ако невакцинираните се незадоволни од мерките, имаат многу едноставно решение – нека се вакцинираат“, рече министерот, најавувајќи порестриктивни мерки.

Доказите за вакцинација се веќе неопходни во здравствените установи, кината, кафулињата и затворените спортски објекти.

Исто така, во Квебек е на сила полицискиот час, секој ден од 22.00 до 05.00 часот.

На почеток