Свет

(ВИДЕО) Снегот се претвори во дожд, поплави, одрони и опасност од лавини во САД, едно лице исчезна

Откако снежниот бран се претвори во обилни врнежи, локалните власти во северозападниот дел на Пацификот на САД објавија дека започнале поплави, одрони, прогласена е опасност од лавини на планините, а најмалку едно лице се води како исчезнато.

Канцеларијата на локалниот шериф објави дека 72-годишниот маж не се вратил дома откако отишол да го премести својот автомобил во близина на градот Олимпија во државата Вашингтон, пренесува АП.

Куќата на мажот е на поплавен пат и властите стравуваат дека неговото возило било однесено од порој.

Поради снег и дожд затворени се делови од двата главни автопати во државата Вашингтон, а поплавени се патиштата низ западен Вашингтон и Орегон.

Поради поплавите во округот Луис во југозападен Вашингтон, делот меѓудржавен 5, долг околу 32 километри, беше затворен во двата правци јужно од Чехалис.

На почеток