Новиот премиер на Македонија треба да дојде и да бакне рака на некој наш политичар, вели бугарски новинар
Бугарскиот новинар Костадин Филипов во емисијата „Панорама“ на БНТ вели дека односите на Бугарија со Македонија во моментов се на дното, и изрази загриженост што премиерот Кирил Петков многу брзо покажува лојалност кон некои политички фигури во странство.
„Требаше да биде обратно – откако се обидовме да им оставиме добар впечаток, ако сакаат да им направиме некаков „аир“, не треба да одиме кај нив, туку првата работа на нивниот нов премиер треба да биде да дојде кај нас, да бакне рака, на некој наш политичар и ако каже дека не може да направи некои работи што ги сакаме, да му кажеме да се врати во Северна Македонија, да се обиде да ги направи и потоа повторно дојде кај нас“, вели Филипов.