Силен земјотрес во Кина, има повредени
Во текот на изминатата ноќ и рано утринава, земјотрес погоди област на западот на Кина, соопштија властите, наведувајќи дека четири лица се полесно повредени.
Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во 01:45 часот во автономната област Хуи Менјуан во провинцијата Чингај на длабочина од 10 километри, јавува АП.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 140 километри северозападно од главниот град на провинцијата, Ксининг, во планинска област на 3.659 метри надморска височина.
Има само неколку села на 5 километри од епицентарот, јавуваат агенциите Ксинхуа и објавија фотографии на кои се гледаат оштетувања на куќи, скршени прозорци, ѕидни плочки и голем дел од урнатиот таван.
На лице место се околу 500 припадници на спасувачките служби.