Актуелно

„Не заминувам одовде без него“, таткото на Матеј не се откажува

Потрагата по Матеј Периш (27) вчера околу 16.30 часот беше привремено прекината, а во наредните денови ќе биде отежната поради лошите временски услови.

-Не заминувам од тука без него. Секој што има деца може да разбере што зборувам, изјави Ненад Периш за Нова ТВ и додаде дека „сто посто“ си заминува од Белград со Матеј.

Досегашната официјална информација со јавноста ја сподели хрватскиот амбасадор во Србија, Хидајет Хидо Бишчевиќ, кој ја следи потрагата на терен во Белград.

– Помина осмиот ден, нема нови информации, а со оглед на тоа што веќе помина осмиот ден, се потешко е да се зборува за овој случај. Во контакт сме со полицијата и морам да нагласам дека полицијата, како што рече таткото на Матеј, професионално и посветено си ја врши работата, истакна Бишчевиќ.

Што се однесува до можноста српската полиција да процени дека ѝ е потребна помош од хрватските колеги, Бишчевиќ објасни дека ќе контактираат со нив преку хрватската амбасада во Србија, но дека е тешко да се процени колку време ќе трае бидејќи зависи што ќе биде потребно.

На почеток