Што прави Амиџиќ кога гостите ќе откажат пред шоуто
Водителот Огњен Амиџиќ не крие дека за време на пандемијата често имало ситуации кога некој од јавните личности во последен момент му кажале дека имаат температура и дека не можат да дојдат во емисијата.
– За жал, ги имавме и овие ситуации. Посебно сега кога со коронавирусот, се случи неколку часа пред снимањето да ми кажат дека тој ден имале температура. Во овие ситуации мора некако да се справиме. Се обидуваме да викнеме некој друг или малку да ја промениме емисијата – рече водителот.
– Втората опција е да се искористат „учесниците на Задругата“ во тој момент, но тоа со себе носи и проблем. Кога ќе ги извадиме од реалити шоуто, не смееме да ги мешаме со други, токму поради короната, затоа што не смеат да бидат заразени, изјави за „Република“ Огњен.
Тој додава дека понекогаш е уморен и нема волја да работи.
– Секако дека има денови кога немам волја. Различни фактори можат да влијаат на ова. Има денови кога си премногу уморен или некои други работи кои едноставно те убиваат, но во тие моменти наоѓам нешто што ме крева за да си олеснам себеси. Работата е работа и мора да се работи – истакнува менаџерот.