Коронавирус

5 најчести симптоми на омикрон

Видот на корона вирусот омикрон стана доминантен во Британија. Статистиката покажува дека инфекцијата со омикрон се разликува од инфекцијата со делта.

Најчестиот симптом е течење на носот, кој го имаат 73 отсто од луѓето кои биле позитивни на тестот за новиот коронавирус.

На второ место е главоболката (68 отсто), а на трето заморот, што го пријавиле 64 отсто од испитаниците.

Кивање и болки во грлото пријавиле 60 отсто од Британците кои биле позитивни на тестот за корона.

Тестирањето е исто така најбезбедниот начин да проверите дали сте позитивни на корона или сте настинати.

Британците претходно објавија обилно ноќно потење и болки во лумбалниот ‘рбет како симптоми кои ја придружуваат омикронската инфекција.

На почеток