Скопје

(ВИДЕО) Во ноќните часови на Божиќ никна минаре во скопската населба Злокуќани

Во ноќните часови на Божиќ никна минаре во скопската населба Злокуќани, објави телевизија Сител.

Објектот, кој е дивоградба, веќе функционира како џамија, каде се одржуваат верски обреди. Староседелците подолго време реагираат на бесправното градење, бидејќи дивоградба не е само џамијата, туку и многу од куќите наоколу.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски потврди дека џамијата се гради бесправно и за телевизија Сител вели дека околу неа има три и пол метарска бетонска ограда и затоа не се гледа од надвор што се гради.

Градоначалникот тврди дека ја стопирале изградбата, а раководител на општинскиот инспекциски надзор веќе излегол на терен и одговорните се повикани на средба во општината утре наутро.

Телевизија Сител не успеала да добие официјален одговор од Исламската верска заедница на прашањето дали тие стојат зад изградбата на овој верски објект, бидејќи одговорното лице за тој регион бил на пат.

На почеток